Почетна / Серии / Трилер, СФ и процедурал серии од 8 август на Pickbox

Трилер, СФ и процедурал серии од 8 август на Pickbox

 

Нови серии на мрежата на Pickbox

 

 

“Избран” (Chosen) e трилер за Ијан Мичел, сопруг, татко, адвокат, кој едно утро се буди и пред својата врата наоѓа кутија во која има наполнет пиштол и слика од некој непознат човек што мора да го убие во следните три дена… Глумецот Milo Ventimiglia познат е по улогата на Jess Marian во серијата Gilmore Girls, a Chad Michael Murray по улогата на Lucas Scott во серијата One Tree Hill.

 

 

Серијата “Бесни кучиња” (Mad dogs, емиѕтувана одамна на Алфа) е снимена според истоимената британска серија од 2011 година. Ова е приказна за повторното собирање на една група 40-годишни пријатели, претежно незадоволни од своите животи. Поводот е предвремената пензија на нивниот стар пријател во неговата прекрасна вила во Белизе. Но, набргу на површина излегуваат чувствата како завист и разните тајни, а целото патување се претвора во кошмар полн со лаги, со измами и со убиства…

 

 

На Пикбокс од 8 август започнува и канадската серија “Изгубена девојка” (Lost girl).

Бо пораснала мислејќи дека е нормална девојка, но одеднаш почнала да се сомнева дека со неа сепак нешто не е во ред. Откако дознава дека таа е, всушност, демон и митолошко суштество кое го цеди животот од своите сексуални партнери, Бо со сите сили се обидува да ја задржи контролата додека истовремено се обидува да ја дознае вистината за своите таинствени корени.

 

 

“Заштитник” (The Guardian) е серија номинирана за Еми и Златен Глобус.

Растејќи како син на познат правник, арогантниот адвокат Ник Фалин сепак не успева да ја избегне правдата кога е уапсен за употреба на наркотици. За казна добива општествено корисна работа, па се здружува со социјалната работничка Лори, помагајќи во застапувањето на злоупотребени, напуштени и занемарени деца. Со секој нов случај на кој помага, совеста на Ник полека се буди и му ги отвора очите…

 

 

“Спаси ме” (Rescue me) ни носат серија делумно инспирирана и од вистински настани. Томи Гавин и пожарникарските јунаци на една њујоршка станица се борат со секојдневието додека ги прогонуваат последиците од трагичниот напад врз САД на 11 септември. Томи неодамна се развел од сопругата со која има три деца, алкохолот му е најдобар пријател, а во комбинација со таблетите, најдобро ги толкува визиите за неговиот загинат колега и роднина Џими, чија вдовица најмногу се теши токму во рацете на Томи. Тука се и Лу, Франко, Шон, Мајк, а сите заедно ја прават слатко-горчливата комбинација во серијата која доби голем број искрени обожаватели.

Denis Leary е и автор, но и главен глумец во серијата.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!