Почетна / Серии / На Сител започнува уште една екранизација на дело на Мир Јам

На Сител започнува уште една екранизација на дело на Мир Јам

 

“Една ноќ на Јадранот” – сабота и недела на Сител по “Убавата селанка”

 

По “Ранетиот орел”, “Гревот на нејзината мајка”, “Непобедливото срце” и “Самец во бракот”, на Сител телевизија стартува уште една српска играна серија, работена по роман на Мир Јам – “Една ноќ на Јадранот”.

 

 

Иако продукцијата не беше во план за уште екранизации на дела од Мир Јам, сепак она што ги предомисли беше гледаноста и прифатеноста на претходните вакви мелодрами од страна на целата екс ју публика. Романсата и сега продолжува во една нова летна приказна, снимана во Венеција, Будва и Белград.

Во продолжение ве запознаваме со содржината :

 

 

Серијата ги следи Кринка и Лола, две сестри во раните дваесетти години, и двете привлечни и доста интересни, но потполно различни како карактери. Кринка е повлечена, сака да мечтае и не е многу заинтересирана за љубовни односи. За разлика од неа, Лола е целосна спротивност – рано останала вдовица, но тоа не ја натерало да ја изгуби волјата за живот. Желбата да се живее и’ носи голема радост, а среќата за неа се постојани флертови и средби со различни момчиња.

 

 

Едно лето, тие две заедно со нивната мајка, одат на патување со брод во Венеција. Нивните животи се менуваат на тоа патување кога ќе ги сретнат Дубравко и Жарко. Колку голема ќе стане љубовта меѓу Кринка и Дубравко, ќе може ли Лола да го скроти срцето само за Жарко?

Од сабота на Сител во 21 часот започнува “Една летна ноќ на Јадранот” – серија за едно минато време, полна со романса, драма и топлина. Серија која ќе ве врати во времето на големите љубови и ќе ве потсети на вашата младост и вашата дамнешна летна љубов.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Тајни агенти“, белгиска крими серија премиерно на Телма

Инспириранa од вистински настани. Тајните агенти се инфилтрираат во операцијата на кралот на наркотици, претставувајќи …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!