Индиската убавица на одмор во Хрватска
Индиската сапуница “Отфрлена” се ближи кон самиот крај на Алфа телевизија, а веќе кон средината на септември, гледачите ќе дознаат како завршува сагата за ќерката на Ичка, Мити. Ќе остане ли Мити со Акаш, дали на Нани ќе и’ се простат сите злодела, дали крајот на серијата ќе открие што ќе се случи и со Мукта и Вишна?
По завршување на “Отфрлена” во балканските земји, замре и интересот за индиски сапуници, па така како секаде, така и кај нас, престануваат со емитување овие маратонски серии.
Она што е интересно да се објави е тоа каде главната актерка на серијата, Тина Дута, го поминала одморот. Таа во серијата ги толкува улогите на мајката Ича и ќерката Мити, а по завршувањето со снимање на “Отфрлена” и новите ангажмани, Тина реши летово да го посвети на шетање низ Европа.
29-годишната актерка прво ја посети Германија и објави слика од Минхен, каде води велосипед во кратко здолниште.
Потоа, замина за Хрватска каде со нејзината другарка уживаа во убавото Јадранско крајбрежје.
Го посетила Сплит, Хвар, Плитвичките Езера, Сината пештера, а го искуси и ноќниот живот на приморјето.
Дани | ТВ Пакет