Почетна / Серии / И во септември, репризи на МТВ 1 – на ред се „Црните пирати“

И во септември, репризи на МТВ 1 – на ред се „Црните пирати“

 

Уште една реприза на Прва во 23.15 часот

 
Додека РТС и ХРТ како државни телевизии цело лето емитуваа премиерни серии, Македонската телевизија по којзнае кој пат репризира веќе емитувани серии. На ред се Црните пирати, за чија содржина ве потсетуваме во продолжение.Дејството на серијата “Црните пирати” се одвива 20 години пред да биде објавено класичното дело на Роберт Луис Стeвенсон „Островот со богатството“. Еден од извршните продуценти на серија е Мајкл Беј (Трансформери, Армагедон).
 

 
Во средиштето на приказната е капетанот Флинт и неговиот екипаж, во периодот на златното доба на пиратството, во 18-от век. Капетанот Флинт е најинтелегентниот и најстрашниот капетан од тој период кој го води својот екипаж во борба за островот Њу Провиденс- осквернавен рај за пирати, проститутки и крадци. За време на своето патување тој се среќава со својот противник, капетанот Чарлс Вејн, со ќерката на најбогатиот трговец на црниот пазар на Бахамите, Еленор Гутри, пиратот Џон Силвер, како и многу други интересни ликови.
 
 
 
 
„Црните пирати“ не се само обични крадци, алчни злосторници или романтични јунаци, од кои секој крие некаква трагична приказна. Тие се разликуваат по својата религија, сексуална определба, јазик и култура, а повеќемина од нив ја отфрлиле цивилизацијата бидејќи не можела да им овозможи живот, кој сметаат дека го заслужиле.
Серијата е снимена на прекрасните плажи во Африка, и изобилува со богата костимографија и сценографија. „Црните пирати“ освои две „Еми“ награди, четири номинации и многу награди.
 
 
Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!