Дознајте нешто повеќе за згодниот актер од новелата “Тоскана”
Роберто Фарнези е познат италијански актер, во чие друштво летово ужива и македонската телевизиска публика. Тој ја толкува главната машка улога на заводникот Алесандро во драмата “Страста на Тоскана”, лик кој е растргнат меѓу љубовта кон Аурора и интригите на оние кои сакаат да го добијат наследството и да ги закопаат долгочуваните тајни.
Роберто е роден на 17 јули 1969 година во Пиза, Италија. Од мирната и идилична Пиза каде поминал безгрижно детство се сели во Фиренца каде започнува да учи во училиште за глума. Во Фиренца, морал да дели стан со цимери и од млади години да стане независен и самостоен млад човек.
– Во почетокот купував храна од надвор, но парите се трошеа, па морав да почнам да учам да готвам. Затоа секоја мајка би ме посакала за зет – се смее Роберто.
Пред да започне да добива улоги во телевизиски серии и филмови, тој станал познат и како модел, снимајќи за многу списанија и за телевизиски ркелами. Прв пат се појавува во реклама за тестенини, наменета за американскиот пазар. По појавувањето во таа реклама, добива учество и во музичкиот спот за “Guardarti dentro” на италијанската пејачка Алекси.
За Италијанките е еден од најпосакуваните мажи, но тој себеси не се гледа како секс симбол и затоа ќе каже :
– Никогаш не сум сакал да бидам под притисок затоа што не можам да бидам совршен во секој момент. Не сум повеќе во цветот на младоста и затоа не сакам кога ме нарекуваат заводник, секс икона, убавец. Луѓето не се ни свесни колку морам да се жртвувам за да останам во форма. Сeкој ден трчам, летно време пливам, одам во теретана, но и покрај тоа имам свои маани. Новинарите постојано ми велат дека јас сум главната причина зошто луѓето ја исчекуваат секоја следна епизода на “Тоскана”. Не верувам дека тоа е точно, се знае зошто би се гледала некоја сапуница, поради сплетките, љубовта, драмата која освојува.
44 годишниот актер инаку е во врска со 22 годишна студентка, чија љубов наскоро планира да ја круниса со брак. Врската со двојно помлада девојка од него наиде на голем потсмев во италијанските медиуми, но за Роберто таа е вистинската жена, многу посериозна и позрела од жени на негова возраст.
– Се запознав и со родителите на Роси, и тие ме прифатија како дел од семејството – кажува актерот за својата врска и додава – Сум имал врски со млади деовјки, но тоа не ме прави чудак или педофил како што ме нарекуваа одредени новинари. Годините и возраста не се пресудни. Со Роси ја открив вистинската хемија и затоа и планирам брак, но во интимна атмосфера, далеку од очите на јавноста и папараците. Пример за брак меѓу постар маж и помлада жена е оној на моите родители. Татко ми е двојно постар од мајка ми, па сепак имаат брак од соништата. Не судете никогаш поради годините.
Двајцата вљубени инаку не се појавуваат заедно на црвениот тепих. Таа беше со него и го бодреше во италијанската верзија на “Танц со ѕвездите”, каде Роберто успеа да стигне до самото финале. Чекорите кои ги научи за време на шоуто, Алесандро ги искористи и за свадбениот танц.
“Страста на Тоскана” се емитуваше на Сител телевизија пред неколку години, а сега повторно на ТВ 24 која ја откупи и последната сезона, неприкажана на Сител.
Дани | ТВ Пакет