Се формира составот на жири комисијата на хит шоуто
Српската поп пејачка Александра Радовиќ е петтиот член на жирито на “Пинкови ѕвезди”. Во шоуто кое започнува наскоро на Сител телевизија не само што има промени во концептот, туку се менува целокупниот состав на жирито, како што веќе информиравме. Па така на црвените столчиња во новата сезона ќе седат Драгана Мирковиќ, Зорица Брунцлиќ, Шабан Шаулиќ, Дара Бубамара и Александра Радовиќ.
Радовиќ е позната и по тоа што пеела пратечки вокали во многу народни песни, така да нема да и’ претставува проблем да се снајде во новата улога и да го суди талентот на кандидатите. Она што е веќе познато е дека во минатите сезони и на Ѕвездите и на Ѕвездичките, нејзините песни беа едни од најпеените од страна на натпреварувачите.
Дани | ТВ Пакет