Почетна / Телевизија / Х Фактор / Победникот на Х Фактор Адриа – Амел Чуриќ се претстави со нов хит

Победникот на Х Фактор Адриа – Амел Чуриќ се претстави со нов хит

 

По соработката со Масимо Савиќ во песната “Неиздрживо” и популарниот хит “Те зиме” кој за краток период брои преку 4 ипол милион прегледи на youtube, минатогодишниот победник на Икс Фактор, Амел Чуриќ, го претставува новиот сингл ” Мењам овај град”.

 

 

Најавата на новата песна, која од претходните песни ја разликуваат динамични и брзи тактови, предизвика лавина позитивни коментари на социјалните мрежи.

“Оваа песна е нешто сосема различно од тоа што досега го работев. Спотот е снимен со филмска камера, а снимањето на спотот траеше повеќе од 48 часа. Беше напорно, но морам да признаам и беше доста забавно на сетот. Овој спот е навистина нешто посебно во мојата кариера, баш поради тоа што и по прв пат се запишувам како извршен продуцент на спотот”- изјави Амел Чуриќ

Автори на песната “Мењам овај град” се Дамир Бечиќ и Борислаб Домазетов, а е снимена во студиото на Душан Алагиќ во Белград.

 

Спотот за песната погледнете го на следниот линк:

 

фото: Анастазија Врзина

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Твитајте за „Х Фактор“ и својот твит прочитајте го на Сител телевизија

  „Х Фактор +“ е нова емисија на Сител телевизија која се занимава со случувањата …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!