Од 20 до 23 часот – репризи на српски емисии и серии на Алфа
Алфа телевизија веќе одреден период не емитува премиерна програма во термините од 20 до 23 часот. Наместо тоа се даваат веќе емитувани српски емисии и серии, меѓу кои и “Куќа од срце” која се прикажува репризно од понеделник до петок во ударниот термин од 20 часот. Oваа емисија има за цел да им помогне на сите оние семејства кои се соочиле со несреќа во животот, па така освен тоа што им го решава станбеното прашање, им помага и дополнителнително материјално.
Овој телевизиски проект ги згрижува најзагрозените семејства, а во акцијата се вклучени многу организации и поединци кои сметаат дека хуманоста е еден од врвните принципи за секој човек, кои сакаат да помогнат и да донираат за идниот дом на семејството кое живее во мизерни услови.
Мајсторите и волонтерите ангажирани во оваа емисија, поведени од хумани мотиви ќе го изградат домот и целосно ќе го опремат.
Додека домот се гради, семејството е сместено кај роднини или пријатели. Куќата треба да биде изградена во рок од триесетина дена. Последниот ден е финалето во кое семејството се вселува во куќата, ден кој е исполнет со многу емоции, кои никого нема да остават рамнодушен.
Семејстава опфатени со овој проект имаа прилика да бидат станбено згрижени, материјално потпомогнати, да се вратат во образовниот систем, а сето тоа резултира со ресоцијализација на семејствата во општеството.
“Куќа од срце” ги освои срцата на гледачите од регионот со својата безгранична хуманост и великодушност. Додека на Алфа се емитуваат стари веќе емитувани емисии, во Србија се емитуваат нови сезони на реалното шоу.
Дани | ТВ Пакет