Се сеќавате ли на Сиело/Пас од тинејџерската хит серија „Ангели“? Кога Емилиа Атиас ги толкуваше тие два лика изгледаше многу поинаку од денес. Беше детинеста и наметнуваше различни стилови за млади во Аргентина, но и покрај тоа изгледаше подеднакво секси како и сега. Потребите на ликот што го толкуваше во третата сезона од споменатата серија бараа таа да направи нешто лудо со својата долга и руса коса. Суканиците на Пас беа предизвик за многумина, но сите се прашуваа што ли ќе стори таа со својата коса по завршувањето на серијата.
Косата ја скрати, како што е редот. Но нејзината фризура не е единствената промена што е забележана во последниот период кај неа. Од тинејџерска икона Емилиа Атиас се претвори во секс симбол. Уживајте во фотографиите.
Крис Манев | ТВ Пакет