Talent is a new sex!
Новата генерација на талентирани млади актери се заштитните лица на четиринаесеттото издание на Моден викенд Скопје кое ќе се одржува од 28 до 30 октомври, под мотото „Talent is a new sex“. Пред објективите на „Ани и Дими“, во улоги на модели влегоа Стефан Вујисиќ, Наталија Теодосиева, Владимир Петровиќ и Билјана Јовановска со што викендов започнаа подготовките за тридневното есенско модно случување.
„Новиот милениум донесе една цела генерација на паметни, талентирани и храбри ѕвезди на театарот и киното. Ова поврзување на актерите и модниот свет е всушност поврзување на талентите, индивидуалноста, естетиката и креативноста од различни светови. Сакаме синергија на најдоброто од различните полиња на уметничкиот израз. “, велат организаторите на Моден викенд Скопје.
За фризурите се погрижи тимот на „Cool Cut“ во соработка со „LAKME“ а за шминката Јована Коциќ во соработка со „GOSH“.
Стајлингот на актерите го осмисли познатата модна блогерка Јована Зука со модните парчиња и аксесоари од „ Fashion&Friends“ и „Parfois“. Бекстејџ фотографиите ги потпишува Марина Трајковска.
„Благодарни сме што Музејот на своремената уметност во Скопје и „Smart Living“ ја препознаа нашата идеја и безрезервно ни овозможија да направиме фотографии кои ќе се паметат.“, додаваат организаторите .
Дани | ТВ Пакет