Потсетување на првата и најава за вечерашната втора епизода
Во понеделникот на 19-ти септември на првиот канал на Македонската телевизија во 21 часот започна американската политичка драма “House of cards”. Серијата која има освоено многу награди во моментов се емитува и во Хрватска со четвртата сезона, а на Прва ја следите првата сезона. Серијата го следи животот на еден високопозициониран демократ, Френк Андервуд, кој со неговата амбициозна сопруга не отстапуваат од ништо за да успеат во животот и да ја остварат својата цел.
Доколку ја пропуштивте првата епизода, ви даваме кратко резиме на тоа што се случуваше.
Изборите завршуваат и од новоименуваниот претседател, Френк очекува да го исполни ветувањето и да го назначи токму него за министер за надворешни работи. Френк доаѓа на состанокот и се подготвува за средба со претседателот, но ќе се шокира кога шефицата на кабинетот Линда Васкез го известува дека на негово место е поставен Мајкл Керн. Тој во почетокот се согласува со промената на планот, но повеќе не чувствува обврска кон новата влада и со сопругата Клер сака да го искористи своето големо политичко влијание за да напредува во кариерата.
И токму кога претседателот на САД го прекршил ветувањето дека Френк ќе биде државен секретар, тој решава да им се одмазди на сите што го предале. Со сопругата, со која има чудна и нераскинлива врска а која ја раководи најголемата хуманитарна организација, Френк кова план кој е многу сложен и опасен и вклучува сè што може да направи еден политичар.
Во втората епизода која ќе се емитува вечерва, продолжува планот на Френк. Нацрт-законот за образование протекува во јавноста и сега треба да се санира штетата што ја претрпела владата на Вокер. Во тоа им помага Френсис, кој преку Зое сака да го саботира претседателскиот кандидат за министер за надворешни работи.
Дани | ТВ Пакет