Почетна / Телевизија / Видео | Мина од Скопје отпеа песна на Џејмс Браун во „Пинк ѕвездички“

Видео | Мина од Скопје отпеа песна на Џејмс Браун во „Пинк ѕвездички“

 

Запознајте ја втората Македонка во шоуто на малите, но големи ѕвездички

 

Покрај слатката Александра, првата емисија од новата сезона на “Пинковите ѕвездички” ја одбележа и уште една натпреварувачка која доаѓа од Македонија. Мина Блажев е 13 годишна Скопјанка која судејќи по првиот настап, очигледно си ја разбрала задачата која и претстои во еден ваков натпревар. Сигурноста во себе, гласот кој растура и стајлингот соодветен на песната “It’s a man’s man’s man’s world”, беше она што Мина ја однесе директно во вториот круг од натпреварувањето, добивајќи ги одеднаш сите пет гласа на жирито.

 

 

– Совршено, професионално, одговорно, точно, автентично – беше коментарот на Леонтина, по појавувањето на нашата Скопјанка.

– Ако го цитирам Хари, тогаш ќе кажам дека ако те споредиме со сите претходни, ова не е петка, туку чиста десетка – искоментира Гоца, а благодарност на Македонија за талентите кои ги испраќа на овие шоу програми, упатија и Јелена Томашевиќ и Сергеј Четковиќ.

 

 

Како и жирито, така и ние со нетрпение очекуваме што следно ќе ни подготват младите надежи на македонската музичка сцена, веќе во следниот круг. До тогаш, очекуваме нови македонски кандидати веќе во следната емисија на Сител и “Ѕвездичките на Пинк”.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!