Забрана за македонска музика на медиумите
Најдолготрајната музичка емисија во Македонија, “Скај Селекшн” нема да продолжи со емитување на 24 Вести, засега. Продукцијата на емисијата се обрати до своите гледачи и гласачи :
“Драги следбеници, гледачи, гласачи! Со голема жал ве известуваме дека оваа недела, а можеби и наредните нема да ги исполниме вашите екрани со забава, позитивна енергија и македонска музика затоа што авторите ни забранија. Ние сме подготвени да го продолжиме дружењето со вас и поддржувањето на македонската музика кога ќе решат и тие самите да се поддржат.“
Причината е јасна – забраната која ја издаде ЗАМП до македонските медиуми да не емитуваат македонска музика. Освен преку оваа емисија, македонска музика изминативе денови не се емитува ниту на останатите македонски телевизии и радија. Но, затоа промовирање на српска музика преку српските шоу програми продолжува и понатаму, без прекин.
Дани | ТВ Пакет