Колумбиска серија во прајмтајм на Телма
Во време кога е актуелна “Narcos”, Телма телевизија започнува серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата – Пабло Ескобар, творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, а во соседните земји емитувана пред три години.
Амбициозноста на овој проект се гледа во тоа што е снимен на 450 локации, има актерска екипа од 1300 актерски имиња и е заснован на веродостојни новинарски статии и сведоштва на сите оние кои на било кој начин биле во контакт со овој брилијантен криминалец.
Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.
Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот ќе го гледаме Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во “Фиорела” и “Луз Марија”. Насловната нумера “La última bala” ја изведува Yuri Buenaventura.
Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Како мал не сакал да учи, туку навлегувал во разни неволји заедно со неговите брат и братучед. Почнал како ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога. Во стилот на Робин Худ, дел од парите вложувал во изградба на училишта, спортски игралишта и им давал на сиромашните.
Идол му бил Ал Капоне, а љубовта кон младите девојки ја крунисал на крајот со брак со млада девојка и покрај противењето на нејзниот брат Фабио. Приказната за неговиот живот, односот со мајка му и деловните партнери, борбите меѓу картелите е сето она што ги очекува гледачите на Телма многу наскоро.
Дани | ТВ Пакет