Почина мексиканскиот актер Гонзало Вега
На 69 годишна возраст, денес од болест почина познатиот мексикански актер Гонзало Вега. За македонските гледачи е познат по улогата на Бруно во костимираната новела “Алондра”, емитувана пред 15тина година на локалните тв станици
. Во серијата, љубовта на Бруно и Алондра се роди во романтичните предели на една планина, но врската беше забранета поради тоа што Бруно беше во брак со друга жена од која имаше и деца.
Гонзало Вега е инаку најпознат по улогата во “Колевка на волците”, за која има добиено награда за најдобар протагонист. Денеска, сочувство на социјалните мрежи изразија многу негови колеги и пријатели, а до самиот крај покрај него беа ќерките Маримар и Зурија Вега. (“Море на љубовта”).
Љубов осудена однапред на крај, Гонзало Вега (Бруно) и Ана Колчеро (Алондра)
Дани | ТВ Пакет