Од сабота во 19 часот, нова македонска комична серија
Во напливот на народни приказни, десетици контактни емисии, гејм шоуа и квизови од домашна продукција, Алфа започнува со емитување на новата домашна хумористична серија “Комшиски приказни”.
Режијата му припадна на Драган Вељановски, а сценариото на драматургот Стево Симски и Драган Вељановски. Актерската екипа ја сочинуваат Благица Ристов, Никола Колев – Зезо, Винета Димчевска, Магдалена Ризова – Черних, Ердоган Максут, Диме Коцевски и др.
По ланската “Цимери”, оваа сезона на Алфа следуваат Комшиите.
Дани | ТВ Пакет