Како што машката публика има свои фаворити меѓу девојките во “Survivor” (читај Ава и Станија), така и женскиот дел од гледачите има свои симпатии меѓу машките натпреварувачи во шоуто. Еден од нив е манекенот Владо Вуксановиќ. Скандалите кои што секојдневно се измислуваат на Балканот не го одбегнаа ниту него. Се пишуваше дека на островот се степал со Радован и тоа поради Александра, наводно бил вљубен во неа. Според други, пак, тој бил вљубен во Ава. На крајот излезе дека ниту се тепал, ниту пак бил вљубен во некоја од натпреварувачките во “Survivor”. Владо својата љубов добро ја крие од јавноста, но она што не крие е своето добро обликувано тело. Вуксановиќ позираше, а сега девојките слободно можат да уживаат во фотографиите што следуваат подолу.
Chris | ТВ Пакет