Почетна / Сапуници / Фото | Актерот од „Парампарче“ на одмор со семејството во Мајами

Фото | Актерот од „Парампарче“ на одмор со семејството во Мајами

 

Бурен во серијата, идеален брак во реалноста

 

Еркан Петекаја е еден од најпознатите турски актери, а за македонската публика познат по главните улоги во “Бурни времиња”, “Дила”, “Солзи на есента”, “Белото памукче” и “Осудени за љубов”. Сепак негова највпечатлива улога е улогата на капетанот Али во семејната и трогателна драма “Бурни времиња”.

 

 

Од пред две недели, Еркан повторно го гледаме на телевизиските екрани и тоа во најновото турско остварување – “Парампарче”, која од самиот старт стана најгледана телевизиска програма во Македонија. Серијата истовремено се емитува и во Бугарија, Србија, Црна Гора, Косово, Романија, Албанија, Грција и секаде е на врвот на гледаноста.

 

 

Во серијата, Еркан го толкува ликот на богатиот бизнисмен Џихан кој е во брак со Дилара. Од една страна е неговиот дотогашен живот со Дилара и нивната ќерка, а од друга страна е распарчен од симпатиите кои ги чувствува кон Ѓулсерен, жената која ја одгледала неговата биолошка ќерка. Неговиот бурен брачен живот во серијата не се отсликува и во реалноста.

 

 

Приватно, актерот е во среќен брак со Дидем, од која има и малечко синче. Тројцата деновиве ги поминуваат своите најубави денови на одмор во Мајами.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!