Почетна / Серии / Се снима нова македонска историска серија „Црвениот поет“

Се снима нова македонска историска серија „Црвениот поет“

 

Историската драма од јануари на македонска телевизија

 

Играната серија „Црвениот поет“ се снима на повеќе локации во Битола и се очекува да заврши до средината на ноември, а првата епизода ќе биде емитувана во јануари. најави министерката Канческа-Милевска која беше на средба со актерите и тимот филмаџии кој го предводи режисерот Николче Поповски.

 

 

Ова е првиот проект на играна серија од 10 епизоди која за оваа година од Агенцијата за филм доби 23 милиони денари за реализација .

„Црвениот поет“ е историска драма посветена на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, еден од најзначајните имиња во основање на македонската современа литература, познат по безвременското дело “Бели мугри”.

 

Во играната серија се претставува историскиот лик на Коста Солев Рацин од неговото раѓање па се до неговата смрт, прикажан низ различни историски премрежја, настани од период пред Втората светска војна и за време на Втората светска војна. Приказната почнува во 1908 година, а завршува во 1943. Во серијата е опфатен синдромот на маргинализирање на оние кои нам најмногу може да ни помогнат и да придонесат за нас.

 

Главната улога, ликот на Коста Солев Рацин го игра актерот Александар Ристоски, а покрај него е и актерката Наталија Теодосиевска. Продукцијата на серијата ја водат Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа „Сектор филм“, а како дел во авторската екипа се Сашко Насев (сценарист), Кирил Спасевски (сценограф), Емилија Ивановска Атанасовска (костимограф) и Апостол Трпески (директор на фотографија).

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!