Римејкот на “Aşk-ı memnu” репризно на МТМ телевизија
Секоја недела со почеток од 13 часот, МТМ телевизија репризно ќе емитува по пет епизоди од латиноамериканската теленовела “Забранета страст”. Серијата на Телемундо е инаку римејк на популарната турска новела “Притаени страсти”.
Во улогите на Бихтер и Бехлул, односно Бруно и Бјанка во оваа верзија, ги гледавме Моника Спир и Џанкарлос Канела.
Џанкарлос ни е познат по главните улоги во “Диабло” и “Моето срце чука за Лола”, а Моника за македонската публика е позната по улогите во “Мојата роднина Чела” и “Љубов и презир”. “Забранета страст” е всушност последна улога за Моника, затоа што во почетокот на 2014 година актерката беше убиена во Венецуела, вест која го обиколи и го расплака светот.
Во продолжение ве потсетуваме на содржината на новелата, која минатиот месец заврши со премиерно прикажување на МТМ и на останатите локални телевизии ширум земјава :
Приказната се врти околу младата и убава Бјанкa, која живее во својата мајка, манипулативната и алчна Флавија. Бјанка смета дека мајка и го изневерува татко и со друг маж. Откако нејзиниот татко ќе дознае за неверството на својата сопруга, доживува срцев удар и веднаш умира.
Бјанка решава да и се одмазди на својата мајка така што ќе се омажи со богатиот Ариел за кого и нејзината мајка Флавија сонувала да се омажи. Ариел е дваесет години постар од Бјанка, кој по смртта на првата жена, живее во раскошна вила во Мајами со својата ќерка Нинa, синот Сантјаго, внукот Бруно и дадилката Дениз.
Бракот помеѓу богаташот Ариел и младата и фатална Бјанка ќе донесе лавина на страсти и неверства кои ќе биде тешко да се запрат. По свадбата, Бјанка се вселува во куќата на сопругот, но и покрај љубезноста на Ариел и големата грижа и љубов што и ја пружа, таа не е среќна со него.
Но… се случува нешто неочекувано. Кај Бјанка се будат силни чувства на страст и љубов кон Бруно, младиот и атрактивен внук на нејзиниот сопруг Ариел, кој живее во истата куќа, чувства кои е невозможно да се притајат и заборават. Животот на Бруно се претвора во една тешка борба да направи избор меѓу љубовта кон Бјанка и лојалноста кон Ариел, кого го чувствува како татко. Бјанка и Бруно се впуштаат во една страствена, но забранета љубов, која ќе ја направи Бјанка жртва на играта која самата ја започна.
Дани | ТВ Пакет