Почетна / Забава / Распродаден саботниот концерт на Жељко Јоксимовиќ

Распродаден саботниот концерт на Жељко Јоксимовиќ

 

Еден од закажаните три новогодишни концерти на Јоксимовиќ во Скопје, е распродаден. Отанати се ограничен број влезници и за останатите два закажани за 1 и 2 декември.

 

Македонскиот организатор на целиот овој проект на Жељко Јоксимовиќ наречен “Два Света” Прагма Продукција, велат дека воопшто не се изненадени од реакцијата на публиката затоа што по пуштањето во етер на првата песна влезниците почнале да се продаваат со голема брзина.

“Два света” е едно сосема поинакво издание на Жељко Јоксимовиќ. Џез варијанти на фолк, поп, рок па и стари народни песни, во придружба на 40 музичари односно Биг бенд на сцена.

Премиерата на “Два света” почнува од скопска адреса и продолжува кон останатите градови од регионот. Она што е впечатливо и вредно за спомемнување е дека диригент на сите овие концерти и комплетна поддршка во проектов е македонски диригент.

Јоксимовиќ во јуни 2014 година беше првиот и засега единствен пејач кој што успеа да ја наполни Националната арена Филип Втори. Статистиката тогаш велеше дека собра повеќе од 70.000 публика а насловните страници пак раскажуваа за најголемиот концерт во дотогашната кариера на Јоксимовиќ.

Концертите на 1, 2 и 3 декември, ќе бидам сосема поинакви од овој историскиот на Филип Втори. Новогодишни со џез манири и со повеќе од 40 музичари на сцена Јоксимовиќ ќе донесе нова предновогодишна приказна во Скопје. Ќе ги врзува единствено квалитетот, односно звукот и продукцијата за која што ќе се погрижи самиот тој.

Цената на влезниците ќе се движи од 1.200 до 3.000 денари. Почетокот на концертот е закажан за 20 часот и 30 минути.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешен настап на Дијана И. Илкоска со Софиската филхармонија

По неодамнешниот успех во Грузија, нашата реномирана диригентка, маестра Дијана Имери Илкоска, продолжува со нови …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!