Ѓоко Јовиќ, популарниот македонски пејач кој настапува заедно со „Енерџи бенд“ ја претстави својата најнова песна насловена како „Сутра је нови дан“ заедно со видеозапис во продукција на Горила филмс.
Имено, новата песна „Сутра је нови дан“ на Ѓоко Јовиќ уште при првите 24 часа од официјалното претставување во етерот ги освои слушателите и доби повеќе од 30.000 прегледи на Youtube. Песната е веќе додадена како предлог-нумера на повеќето радио станици на територијата на поранешна Југославија.
Песната е авторско дело на Лазар Цветкоски и Магдалена Цветкоска – Ена. Видеозаписот е во изработка на Горила продукција, а главната улога ја игра атрактивната мисица и тв водителка, Симона Станковска.
Како потсетување, Ѓоко Јовиќ пред повеќе од две години на реномираниот фестивал „Роса фест“ ја расплака публиката со песната „Туѓина пуста далечина“ и со тоа остави свој белег на македонската музика.