Почетна / Живот / Светот преку дигиталните уреди во новото шоу на Дискавери

Светот преку дигиталните уреди во новото шоу на Дискавери

 

“Уште сме живи” секој понеделник во 21 часот

 

„Уште сме живи“ е нов серијал на Дискавери каналот кој започнува со емитување од денес, 21.11.2016 во 21 часот. Секоја нова епизода е исто така во понеделник.

 

 

Оваа серија ни нуди неверојатни приказни за преживување и тоа од уникатна перспектива, односно директно од луѓето кои стоеле на работ на животот и смртта, а притоа нивното искуство го имаат дигитално забележано. Случаи на луѓе кои биле заробени во лавина, случаи кога ги бркаат диви животни, непогоди како торнадо или пак се заглавиле во пештера или изгубиле на море.

 

 

Во секоја епизода од која ќе ви застане здивот, ќе се најдете во кожата на луѓето кои тоа го имаат преживеано, а тие ќе не носат чекор по чекор низ своите искуства и ќе имаме можност да го преживееме настанот заедно со нив. Серијалот е за единствените доживувања на поединци кои настанот го имаат забележано на своите дигитални уреди.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!