Почетна / МК Сцена / Талентирана и згодна: Тамара Ангеловска подготвува нова песна

Талентирана и згодна: Тамара Ангеловска подготвува нова песна

 

По емотивната балада на „Охрид фест“, Тамара Ангеловска (17) со својот тим работи на новата песна која треба да биде со малку побрз ритам и сосема поинаков стил, а ќе се снима и видеозапис.

Имено, младата талентирана македонска пејачка Тамара Ангеловска која својот прв фестивалски настап пред домашната публика го имаше на годинешниот реномиран фестивал „Охрид фест“ со песната насловена како „Заборави“ активно работи на својата музичка кариера и полека, но сигурно, го подготвува тимот кој ќе се грижи за нејзиниот комплетен имиџ.

 

 

Зад новата песна како автори се потпишуваат веќе докажаните соработници на Тамара, композиторот Иле Спасев и Даниела Хаџи Тоневска која го напиша текстот. Млада, но исклучително креативна стилистка ќе ја изработи потребната гардероба за видеозаписот кој ќе биде промовиран заедно со песната кон средината на следниот месец.

Ангеловска е родена на 20-ти декември 1998-ма година во Скопје, а наредната година ќе матурира на отсек Теоретичар со облигат флејта при средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“. Зад себе Тамара има голем број освоени награди ширум светот. На домашен терен со својата прва студиска песна освои награда за најдобра дебитант при годинешниот „Охрид фест“, но и 1 лауреат при „Езерски бисери“. Надвор од Македонија, во силна конкуренција од повеќе од 250 пејачи освои Гранд При во Анталија, Турција, потоа Хаифа, Израел 1 лауреат, во Москва, Русија 3 лауреат, и Минск, Белорусија 2 лауреат.

Во очекување на новата песна, да се потсетиме на емотивната балада на Тамара Ангеловска насловена како „Заборави“.

 

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Видео | „Негде после два“, нов дует на Пајак со Елвир Мекиќ

На големо задоволство на сите љубители на македонската поп сцена, периодот сведоци сме на еден …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!