\Оваа среда, 23ти ноември во Скопје ќе се случи долго очекуваното отворање на новиот клуб за електронска музика Епицентар, сместен во центарот на градот на булевар Климент Охридски бр. 60а.
Епицентар е подготвен да отвори нова страница на македонската електронска музичка сцена и воедно тектонски да го разниша ноќниот живот. Епицентар својот фокус го има во иднината на сцената и токму затоа младите диџеи ќе имаат простор, еднаков со веќе етаблираните македонски диџеи, со што ќе им се овозможи да растат заедно со клубот и воедно да можат да го претстават како свој дом.
Селекцијата на имиња од надвор исто така ќе се движи во таа насока. Квалитетен и најнов актуелен звук кој пристига од светски диџеј имиња и продуценти. Клубот “Епицентар” ќе имаат чест да го отворат со свои диџеј сетови DJ Zoki Bejbe еден од пионерите на нашата клупска сцена, кој оваа година слави 20 години од почетокот на неговата диџеј кариера и ArKI од Солун-Грција,која веке е позната на скопската публика по нејзиниот софистициран модерен звук што ја прави оваа диџејка сериозен талент.
Таа веќе има забележителни настапи на настаните на Non Aesthetics вклучувајќи го и балканскиот фестивал на современа електронска музика Reworks. Кога вратите на клубот ќе се отворат, посакуваме безкомпромисно да се чувствувате слободни и да уживате во уметноста наречена електронска музика. Клуб Епицентар – Нов центар на македонската електронска сцена!