Платената политичка програма го победи “Преспав”
Поради почетокот на предизборната кампања, Телма телевизија го прекинува емитувањето на домашната серија “Преспав”. Во своето соопштение до гледачите, телевизијата изјавува :
“Јавно извинување до гледачите на ТЕЛМА заради промената на програмската шема. Како што знаете, започна предизборната кампања и беше неопходно да се извршат измени за да можеме да им излеземе во пресрет на политичките партии, согласно со позитивните законски прописи на Република Македонија. Бидејќи имаше забелешки од многу гледачи дека не успеале да ги гледаат првите епизоди од серијата ПРЕПАВ, истите ќе ги репризираме секој ден во 17,30, а со нови епизоди ќе продолжиме по завршување на изборите. Благодариме на интересот и разбирањето.”
Значи дружењето со Јелена, Ула, Тони, Коста, Миле и Марио продолжува по изборите. Ќе следуваат уште 25 епизоди од првата сезона од ситуациската комедија за пансионот во Преспа.
Дани | ТВ Пакет