Мехмет од “Ѓумуш” си доби восочна фигура
Музејот на восочни фигури Мадам Тисо во Истанбул веќе располага со фигура од восок на познатиот турски актер Киванч Татлитуг. Пред турските посетители на музејот, фигурата ќе биде претставена во понеделник на 28 ноември.
Актерот за македонската публика е познат по главните улоги во сериите “Ѓумуш”, “Притаени страсти”, “Снегови на љубовта” и “Менекше и Халил”, а моментално во Турција е актуелен по серијата “Убава и храбра” каде партнерка му е Туба Бујукуштун, Аси од истоимената серија.
Дани | ТВ Пакет