Ѓулсерен од “Парампарче” во заеднички филм со Караман од “Виорот”
Озџан Дениз и Нургул Јешлиџај повторно заедно во нов филмски проект во Турција. Озџан беше актуелен во Македонија по улогата на Караман во хит серијата “Во виорот на судбината”, а Нурѓул е моментално популарна од најгледаната програмска содржина “Парампарче”.
Иако двајцата претходно настапуваа заедно во ТВ серијата “Конакот на агата” (емитувана летово на Алсат-М), сега повторно се партнери во нов проект.
Се работи за филмот “Втора шанса” (İkinci Şans), љубовна приказна која турските гледачи ќе имаат можност да ја видат многу наскоро.
Хемијата од “Конакот” меѓу познатите турски актери ќе се повтори по втор пат во новиот филм, чиј трејлер може да го погледнете во продолжение :
Дани | ТВ Пакет