Нова песна со спот за членот на Гранд жирито
Марија Шерифовиќ промовираше нова песна со спот – “Deo prošlosti“. Поп пејачката во спотот кој го изработи IDJ Videos, ни ја прикажува емотивната болка што на човек му се случува, дури и тогаш кога е на врвот на професионалните успеси. Во кадрите на спотот се гледа дека по успешниот концерт, пејачката со друштвото оди на афтер парти каде не може да ја совлада тагата.
– Можеби некои ќе забележат дека спотот нема врска со песната, но она што сакавме да го прикажаме е како сето тоа што човек ќе го постигне во животот е занемарливо без саканата личност и тогаш посакува се’ oколу него засекогаш да застане – објаснува Шерифовиќ.
Дани | ТВ Пакет