Од понеделник реприза на домашна серија
Во терминот по 23 часот, МТВ наместо репризи на американските хит серии, ќе го репризира продолжението на македонската серија „Тврдокорни“. Новите продолженија беа снимени и емитувани пред скоро 4 години.
Серијалот ги опфаќа дел од животот и смртта на македонските војводи од илинденскиот период или поточно од 1903 – 1915 година. Снимени се 30 епизоди на локации во Битола, Кратово, Штип и Марков манастир. Серијалот е во режија на Миле Гроздановски, продуцент Милчо Узунов, a костимограф Зорка Тодоровска Младеновиќ. Од емитувањето на првата сезона од серијата поминаа повеќе од 20 години.
| ТВ Пакет