Нашата кралица ја изгуби битката со болеста
Утрово тажна вест ја разбуди македонската јавност. Почина Есма Реџепова – еден од најголемите музички амбасадори на Македонија во светот и секаде славена како кралица на ромската музика.
Есма почина по кратко боледување, на свои 73 години. Есма беше жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната. Со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност. Во 2013 година ја доби и престижната титула “Национален уметник на Република Македонија”.
Легендарните изведби на Џелем џелем, Чаје шукарије, Зошто си ме мајко родила, Зајди зајди … ќе останат засекогаш запаметени, а свои соработки имаше и со врвни македонски музички имиња како Тоше Проески, Калиопи и Влатко Лозаноски.
Неброени концерти секаде во светот, неброени хуманитарни акции, дарувања на оние кои немаат. Почивај во мир, кралице!
Дани | ТВ Пакет