За убаво неделно попладне – цртан филм на македонски
Иако не е така, таткото својот син Иван, го вика Гумениот Тарзан. Бидејќи сака да го задоволи својот татко, Иван оди кај вештерката која на еден ден ќе му даде супер моќ. Да се биде суперхерој е интересно еден ден, но кога ќе се установи дека вештерката погрешила и дека супер моќите траат и понатаму, Иван тргнува во потрага по вештерката бидејќи сака да биде оној стариот.
Ова накратко е содржината на „Гумениот Тарзан“, анимиран филм надсинхронизиран на македонски јазик кој денеска во 16 часот ќе се емитува на Телма.
Гласовите за овој филм ги позјамија македонските актери: Никола Ристановски во улогата на Таткото, Трајче Георгиев – Иван, Снежана Коневски Руси – Лоти, Зорица Панчиќ – Вештерката, Билјана Беличанец – Ким, Магдалена Ризова-Черних – Старицата, Дејан Лилиќ – Наставникот, Горазд Цветковски – Директорот, Александар Микиќ – Месарот, Сашко Коцев – Карстен и Александар Алексовски – Тренерот.
Режисер на над синхронизација е Снежана Коневски Руси.
Дани | ТВ Пакет