Од 2 до 15 јануари на програмата на Алфа ќе можете да ги следите најинтересните моменти од 39-тото издание на Релито Дакар што ќе се вози во Боливија, Парагвај и Аргентина – информира Алфа телевизија.
Стартот на релито е на втори јануари во Асунсион, а откако натпреварувачите ќе минат скоро девет илјади километри целта е на 14 во Буенос Аирес. Конкуренцијата за трофејот е жестока. Во битката за титулата се поранешните светски прваци во рели и големи ѕвезди на автомобилскиот спорт Себастијан Леб и Карлос Саинз, а тука е и Финецот, Мико Хирвонен.
Во конкуренција се рекордерот по бројот на победи Стефан Петерхансел, еден од заштитните знаци на ова натпреварување Насер Ал Атија како и Сирил Деспре, Нани Рома и Гиниел де Вилиерс.
На програмата на Алфа секој ден во периодот од втори до 15 јануари во 23 часот и 25 минути ќе можете да го следите прегледот на најинтересните моменти од секоја етапа. На први јануари во 12 часот и 45 минути ќе можете да ја следите првата емисија со која го најавуваме стартот на едно од најатрактивните и највозбудливите рели натпреварувања. На втори јануари во 14 часот следува и вториот дел од најавната емисија.
Во текот на релито возачите имаат еден слободен ден и тоа на осми јануари и тогаш на програмата на Алфа ќе го следите прегледот на првиот дел од натпреварувањето. На 15 јануари во терминот од 23:25 часот следува преглед на комплетното натпреварување.
Дани | ТВ Пакет