Овие денови нашата евровизиска претставничка беше ангажирана околу промотивната турнеја во Украина и Белорусија. Калиопи таму била пречекана од голем број новинари, а во Минск дури го добила и прекарот Македонската Клеопатра.
Таа можеби не знае да го зборува англискиот јазик, но со германскиот е многу добро запознаена. Калиопи во придружба на промотивниот менаџер Јана Пруадко постојано зборувала германски.
Евровизиската “Црно и бело” била интерпретирана на големиот хуманитарен концерт што се одржал на преполниот централен плоштад во Киев, каде Калиопи се запознала со други евровизиски претставници. Букле исто така ќе биде дел од жирито на овогодинешниот интернационален фестивал “Славјански Базар” во Витебск што ќе се одржи од 13-17 јули.
Chris | ТВ Пакет