Почетна / Филм / Колку вреди законот на дадениот збор, откриваме на МТВ 1 на 5 јануари

Колку вреди законот на дадениот збор, откриваме на МТВ 1 на 5 јануари

 

Четврток (05.01.2017), 20:50 часот – термин за македонски филм

 

“Збор” е македонски игран филм, снимен во 2015 година по режија и сценарио на Слободан Деспотовски и со поддршка на Агенцијата за филм на РМ и Македонската радиотелевизија. Улогите ги толкуваат Сенко Велинов, Гораст Цветковски, Диме Илиев, Илбер Муртези, Ванчо Петрушевски, Катерина Шехтанска, Ана Стојановска, Гоце Тодоровски, Роберт Вељановски.

 

 

Филмот претставува приказна за двајца пријатели: Горди, кој го почитува законот и кој сака да се обезбеди за староста што доаѓа, но и да ја обезбеди иднината на  ќерката Александра, и Арно, некогашен легионер, човек без вера и без закон. Приказната открива дека Горди не го почитува законот и дека Арно, сепак, има еден закон, дадениот збор, што ќе го почитува на свој, крвав начин.

 

 

Своевремено филмот беше најавен и преку голем балон на плоштадот “Македонија” во Скопје.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!