Почетна / Филм / Телевизиска реприза на „Трето полувреме“ за Бадник на МТВ

Телевизиска реприза на „Трето полувреме“ за Бадник на МТВ

 

Македонски филм за Бадниковата вечер на МТВ 1

 

Откако премиерно на тв беше емитуван пред три години, сега повторно на МТВ и тоа вечерва на Бадник во 20.15 часот. Режијата на “Трето полувреме” е на Дарко Митревски, а продуценти се Роберт Насков и Дарко Митревски. Во главните улоги настапуваат Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел, Раде Шербеџија, Емил Рубен, Митко Апостоловски. Музиката во филмот е дело на Кирил Џајковски.

 

 

Филмот е инспириран од вистински случувања во Македонија за време на бугарската окупација во Втората светска војна, а премиерно беше изведен на 15  септември 2012 година на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки” во Битола.
„Трето полувреме” е приказна за неколку луѓе коишто ги сплотува најважната споредна работа на светот – фудбалот, во најтурбулентното време во историјата на светот – Втората светска војна. Во филмот се прикажани играчите на ФК Македонија и нивниот германско-еврејски тренер Рудолф Шпиц, кој ги води по патот кон титулата шампион на нацистичката фудбалска лига.

 

 

Основачот на клубот, Димитрија треба да избере меѓу неговата љубов кон новиот тим и лојалноста кон новиот поредок. Коста, најдобриот напаѓач во тимот е познат шверцер кој се вљубува во една убава и богата девојка. Ребека е Еврејка, која  прифаќа да живее со фудбалер во својата малечка соба. И на крајот, филмот е приказна за фудбалот, игра која во тие бурни времиња е повеќе од игра: Таа e бојно поле меѓу доброто и злото!

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зависност од коцка во британскиот трилер „Крупие“ петочки на МТВ 1

Еден млад писател сфаќа дека неговата нова работа може да биде совршена тема за роман. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!