Запознајте се се новото актерско име на младата генерација во Турција
Од шест годишна возраст пројавил љубов кон музиката и свирењето на тапани. И токму од средношколските денови, заедно со своите другари основал музички бенд со кој започнал да заработува на многу настапи и да одат на многу натпревари.
Бурак Тозкопаран е роден 1992 година, а моментално го гледаме во улогата на младиот, неодговорен, површен и богат убавец во хит серијата “Парампарче”.
Пред да му се случи “Парампарче”, победил на еден голем музички натпревар и му се дала шанса да студира на факултет за глума и телевизија.
И токму во тој бурен живот на студии, концерти, проби и настапи, му се случил кастингот за ликот на Озан, синот на богатиот бизнисмен Џихан во серијата “Парампарче”.
– Луѓето ме застануваат на улица, сакаат да се фотографираат со мене. На некои од девојките им е интересен Озан, некои го осудуваат токму поради неговото незрело однесување – кажува Бурак за неговата слава.
– Не очекував дека серијата ќе достигне толку голем успех и дека ќе стекнам толку обожавателки благодарение на Озан. Во секој случај, славата никогаш не ми удри во глава. Се уште сакам да одам на истите места на кои сум одел и порано и вистинската девојка да ме сака токму поради стилот кој го имам, музиката што ја слушам и филмовите што ги гледам – објаснува Бурак и додава :
“На екран не изгледам емотивно, но во суштина многу работи може да ме растажат. Не сакам луѓе кои не бираат средства за да успеат и токму таквите пријатели знаеле да ме разочараат. Она што знам е дека не можам да заборавам ни добро, ни лошо. Кога тогаш, враќам со иста мера, но драго ми е што од луѓето што ме знаат и од семејството ја добивам најголемата поддршка.”.
За него, музиката и тапаните се главната работа во животот, а за себе смета дека не е толку нервозен и комплициран лик како Озан, кој откако ќе направи нешто, се покајува во животот.
Дани | ТВ Пакет