Андријана “Абра Кадабра” го кажа судбоносното “да”
Андријана Ади Бојковска од Куманово за време на новогодишната ноќ ги забавуваше гостите во еден скопски ресторан кај Дрводекор.
И токму на таа вечер, нејзиното момче, Мартин Костадиновски, познат коктел мајстор, ја побара за жена. За Ади овој гест можеби бил очекуван дека ќе се случи, но не и дека тоа ќе биде токму на новогодишната забава.
Пејачката досега има снимено една фотосесија и настапувано лани на Фолк фест Роса.
“Абра кадабра, јас сум главна, магија ти правам, ти си шизик, одиме на ризик… ” се стиховите од нејзината песна “Абра Кадабра”, а веројатно магијата наместо на дечкото од спотот, нашата Ади му ја направила на Мартин.
Дани | ТВ Пакет