Продолжува крими драмата за господарот на злото
Од понеделник во прајмтајм на Телма се враќа “Ескобар”, серија која го прати животот на господарот на злото и кралот на дрогата – творец на меѓународниот систем за дистрибуција на кокаин и најголемиот водич на колумбиски нарко картел. Се работи за колумбиска серија, снимена во 2012 година, а првите епизоди на Телма беа емитувани во октомври.
Серијата ја осмислиле и продуцирале Камило Кано и Хуана Урибе. Камило Кано е син на Гиљемо Кано, убиен од Ескобар во 1986 година, а Хуана Урибе е заменик директор на колумбиската тв куќа Каракол чија ќерка исто така била киднапирана и убиена од Пабло Ескобар во 1989 година. Серијата има добиено многу награди на Premios India Catalina, Premios Clic Caracol, Premio Momento и Premios TV Adicto Golden Awards.
Во улогата на најголемиот нарко дилер на светот ќе го гледаме Андрес Пара, а негова партнерка во серијата е Енџи Цепеда, позната за македонската публика по главните улоги во “Фиорела” и “Луз Марија”. Насловната нумера “La última bala” ја изведува Yuri Buenaventura.
Пабло Ескобар е роден во колумбиското село Медалин како син на фармер и учителка. Од мал станал ситен криминалец и крадец, но брзо напредувал до разнесување и криумчарење на дрога. На 32 години станал мултимилијардер и заработувал по пола милион долари дневно од шверц на дрога.
Идол му бил Ал Капоне, а љубовта кон младите девојки ја крунисал на крајот со брак со млада девојка и покрај противењето на нејзниот брат Фабио. Приказната за неговиот живот, односот со мајка му и деловните партнери, борбите меѓу картелите е сето она што ги очекува гледачите на Телма во новите епизоди во 20.20 часот.
Дани | ТВ Пакет