Сител е единствена приватна телевизија која емитува цртани серии
Цртаната серија “Миа и јас” започна со уште една реприза во утринските викенд часови на Сител телевизија, веднаш по Пепа и пред “Моето мало пони”. Најмалите гледачи уште еднаш ќе може да уживаат во приказната за Миа, која преку еден чудесен портал, се транспортира во светот на еднорозите и змеевите.
Во волшебниот свет, таа ќе мора да ги брани еднорозите од желбата на Кралицата да ги фати и искористи како би останала вечно млада. Земјата на чудата со доаѓањето на Миа станува ново место на забава, авантури и борби.
Дани | ТВ Пакет