Договор за пренос на стрелаштво до Олимписките игри во Токио 2020
Еуроспорт постигна договор со Светската стрелачка организација за пренос на најзначајните натпревари во стрелаштво до 2020 год.
Еуроспорт ќе ги пренесува сите случувања на Hyundai Archery World Cup, вклучувајќи го и финалето на светскиот куп и светското првенство во стрелаштво, како на традиционалните, така и на дигиталните платформи. Ова е продолжение на успешната соработка која трае од 2014 год.
Исто така ќе ги пренесува сите стрелачки настана кои им претходат на Олимписките игри во Токио, како и најдобрите делови од натпреварите во емисии на сите Еуроспорт канали, вклучувајќи го и Eurosport Player.
Еуроспорт и Светската стрелачка организација дополнително ќе соработуваат за промоција на стрелаштвото како спорт, како и ќе ја поттикнува соработката со спонзорите на промотивна платформа кој ќе вклучи и пренос и дигитална активација.
Питер Хатон, извршниот директор на Еуроспорт, изјави: „Драго ни е што ја продолживме соработката со Светската стрелачка организација за следните 4 години. Се радуваме што гледачите ќе можат да ги следат најдобрите натпревари во стрелашво и да ги бодрат најдобрите кога се во акција. Еуроспорт пола од својата програма ја посветува на олимписките спортови. Овој договор дополнително го јакне нашето портфолио на олимписки спортови, додека се приближуваме до следните летни ОИ во Токио.
Како нов дом на ОИ за Европа, ќе следиме милиони спортски патувања се до ОИ во 2024 и ќе овозможиме на навивачите да ги следат на едно место- на Еуроспорт. Нашата цел е да ги покажеме приказните зад олимписките спортисти.“
Претседателот на World Archery, проф. Др. Угур Ерденер додаде: „Нашата визија е секој во светот да има можност да го одбере стрелаштвото како важен олимписки спорт за своја активност. Соработката со Еуроспорт ќе ги мотивира луѓето да бидат активни и да се пробаат во стрелаштвото.
Еуроспорт ги покрива важните спортски настани ширум светот, пружа пристап до неверојатна дистрибутивна мрежа и резултира со неверојатно голема гледаност. Надоврзувајќи се на успехот во Рио во 2016, извештаите покажаа како стрелаштвото постигна голема гледаност на клучните пазари како Франција и Германија. По тоа, каналот кој е новиот дом на ОИ за Европа, исто е совршен дом и за стрелаштвото до Токио во 2020.“
Првиот натпревар кој ќе се пренесува во рамките на овој договор ќе биде Hyundai Archery World Cup во мај оваа година.
Дани | ТВ Пакет