Почетна / МК Сцена / Денес го славиме роденденот на најголемиот Тоше Проески

Денес го славиме роденденот на најголемиот Тоше Проески

 

Зар некој може да те замени ?

 

10 години го славиме твојот роденден без тебе. 10 години роденден без најголемата пејачка икона на овие простори. 10 години роденден, без среќа и задоволство, засекогаш потресени од ненадејното заминување на најсветлата точка во македонското битување. 10 тажни години роденден, години во кои македонската естрада не е повеќе иста и полетна. 10 јануарски ноќи без Тоше Проески, музичката легенда и најголемиот хуманитарец со најголемото срце во Македонија.

 

 

За нас, народот, се појави сосема спонтано и не освои со првите настапи на македонските фестивали со песните Пушти ме, Остани до крај. Следеа најнежните балади било кога отпеани – Твоите бакнежи на моите бели кошули, Усни на усни, Сонце во твоите руси коси, потоа Немаш ни благодарам, Лејди, Зошто отиде, Љубена, Цреша итн итн. Следуваа дуети со најголемите македонски и балкански имиња, фестивали, албуми, безбројни концерти, хуманитарни настани, моменти радост и среќа за сите дечиња, за сите вљубени, за сите осамени, за сите среќни и несреќни.

 

 

Успеа животот да ни го направиш поубав додека беше тука, да ни ја пренесеш ангелската насмевка, чистата емоција и … за миг да не потсетиш дека сите сме еднакви на овој свет.

Затоа на денешен ден, 25 јануари, ТВ ПАКЕТ ти посакува среќен роденден, најмил наш. Денес славиме 36 години од твоето божествено раѓање. Твојот живот беше игри без граници, а со твојата безвременска музика, и нашите животи немаат лимит.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!