Презентерот на вестите со своја емисија на Алфа
По идеја на Љупчо Цветановски, кој, воедно, е и уредник и водител, емисијата „Ѕид“ е уште една во низата на дебатни емисии.
Овојпат на Алфа и тоа секој четврток во 21.15 часот. Алфа информира дека името на емисијата е “ѕид” затоа што Македонија е поделена со ѕидови, од надвор и од внатре… Затоа што ѕидови има разни: имагинарни и реални – дел се носечки, суштински и исконски, а дел само преградни – колку да не поделат.
Ѕид за вештачките творби кои ја узурпираат и тревожат Македонија. „Ѕид“ повикува да не бидете само уште една тула во нечиј ѕид…
Дани | ТВ Пакет