Почетна / Живот / Оригинални снимки од Авганистан во новата серија на Дискавери

Оригинални снимки од Авганистан во новата серија на Дискавери

 

“Под оган” – нов серијал на Дискавери

 

2010 година и мала група новајлии заедно со своите заповедници од 101 Воздушна девизија, ги пакува своите камери и стандардната воена опрема и одлетува на едногодишна задача во Авганистан.

 

 

Годината ја поминуваат на најистурената американска позиција во Корунгал, длабоко во подрачјето кое го контролираат талибанците, а планирале да снимат се што виделе и да ги покажат снимките на најблиските кога ќе се вратат дома. Материјалот кој го вратија ни нуди извонреден приказ на модерното војување не едно од најопасните места на светот кое ќе ги фрли гледачите во средиштето на акцијата.

 

 

Инстинктивни и вистински искуства кои ретко каде на друго место можат да се видат, ниту на извештаите на вести ниту во типични документарни емисии. Ќе ги откриете сите лични борби, заблуди и тагата од војувањето, она што го виделе и засекогаш ги променило.  Неколку години подоцна, овие луѓе прозборуваат за годината помината во војна. Серијата „Под оган“ се прикажува од 28 јануари во 23 часот на Дискавери каналот.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!