Почетна / Телевизија / 24 Вести се ребрендира во ТВ 24 со променета програмска шема

24 Вести се ребрендира во ТВ 24 со променета програмска шема

 

ТВ 24 вметнува српска серија во својата програма

 

Од понеделник, 30 јануари, промена во македонскиот телевизиски етер. Телевизијата 24 Вести, која во текот на своите шест години постоење, емитуваше исклучиво информативна програма, се ребрендира. Тоа значи дека од понеделник 24 Вести преоѓа во телевизија 24, а освен ново име, ќе има и променет програмски концепт и визуелен идентитет. Приоритет на телевизијата сепак остануваат вестите, контактните и дебатните емисии.

Покрај стандардните информативни содржини, програмата ќе биде збогатена со играни серии и документарни програми од американска и европска продукција, а наскоро и со нови цртани за најмалите. Промени ќе има и во стандардните содржини како вестите и емисиите. Засега единствена потврдена нова содржина е српската серија “Андрија и Анѓелка” и токму главната глумица имаше свое обраќање на свеченоста по повод ребрендингот и презентацијата на новата програма.

 

 

На свеченоста по повод 6 години на телевизијата во етер, присутни беа голем број личности од политичкиот и музичкиот свет, како Зоран Заев, Јани Макрадули, Јана Бурчевска итн.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доделени престижните ЕУ награди за истражувачко новинарство

Се доделија престижните награди за истражувачко новинарство 2024 година на која беа наградени најдобрите стории …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!