Sunbeam – првиот автомобил на агентот 007 на Дискавери
Искусниот трговец на автомобили Мајк Бруер и одличниот механичар Ед Чајна се враќаат во акција и ги пронаоѓаат и реставрираат старите легендарни автомобили, кои подоцна ќе ги продадат, а притоа добро и да заработат. Целиот процес од наоѓање, реставрацијата и продажбата на автомобилот се одвива пред камерите на Дискавери каналот.
Во секоја епизода, Мајк се труди да најде автомобил кој има потенцијал за заработка, па го предава на Ед чија задача е да му ја врати старата слава. Серијалот е набиен со напнатост бидејќи Ед често добива автомобили кои се стари и по неколку децении, а желбата на Мајк за заработка ги зголемува механичарските проблеми.
Во неверојатните трансформации, ќе се најде и Sunbeam Alpine, класичен британски спортски автомобил од 1963 кој во суштина е и првиот автомобил на Џејмс Бонд кој некогаш се појавил на екран, како и луксузниот Mercedes 500 SED од 1983 година.
Можат ли момците да им ја вратат старата слава, а притоа и добро да заработат?
Следете ги „Трговци на автомобили“ секоја среда во 22 часот на Дискавери каналот.
Дани | ТВ Пакет