Почетна / Сапуници / Мароко побара помош од Египет поради Саваш и Бали бег

Мароко побара помош од Египет поради Саваш и Бали бег

 

На луѓето во Мароко им пречат исти гласови во синхронизацијата

 

Турските серии несомнено се популарни не само во балканските земји, туку и во арапските. И турските актери уживаат голема популарност во Мароко како што се Бурак Јозџевит (Бали бег од “Величествениот”), Киванч Татлитуг (“Ѓумуш” и “Притаени страсти”) и Мурат Јилдирим (Саваш од “Љубов и казна”).

 

 

Во Мароко, сериите со години се најгледана телевизиска програма и се емитуваа со титл. Но, од скоро, турските сапуници се надсинхронизирани. Па така новите серии на Бали бег, Бехлул и Саваш се емитуваат надсинхронизирани и тоа сите тројца актери се синхронизирани од ист марокански актерски глас. Гледачите се зачудиле, затоа што одеднаш тројцата турски актери звучеле како еден.

 

 

Тоа предизвика незадоволство кај гледачите во Мароко кои со петиции и жалби реагираа до телевизиите во Мароко и продукциите во Турција. За помош, Мароканците се обратиле до Египет за да најдат нови актери кои ќе ги синхронизираат нивните омилени Турци. На тој начин, се средила ситуацијата и гледачите продолжиле да ги следат турските серии.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!