Од 11 февруари, па секоја следна сабота во 19 часот
Возовите низ целиот свет превезуваат најразлична стока и товари. Најмоќните возови на светот се прикажуваат од сабота на Дискавери каналот во серијалот „Мегавозови“.
Некои спречуваат економска изолираност на далечни територии, други спојуваат земји или луѓе, трети пак, и пркосат на природата и јурат низ диви подрачја. Покрај тоа, превезуваат опасни материи или стока која е неопходна за некоја земја и таквите возови имаат големо влијание врз секојдневниот живот на илјадници луѓе.
Во мауретанската пустина, воз долг 2,5 километри, јури низ пустинските дини товарен со железна руда која е главен извор на богатство за таа земја.
Во Канада, 45 вагони поминуваат илјадници километри меѓу градовите Принц Руперт и Витер на Алјаска, без оглед на временските услови. Авантури се сокриени на секој агол, но и во секој момент може да се појави опасност.
Првата епизода проследете ја на Дискавери на 11 февруари во сабота од 19 часот.
Дани | ТВ Пакет