Сабота, 11 февруари, 11.30 часот на Сител телевизија
Откако ЗАМП ја стави вон сила забраната за емитување на македонска музика, Сител телевизија со прикажување на Фолк Фест Роса 2016 . Фестивалот на новокомпонирани фолк рефрени се одржа на 25 ноември минатата година во новата зграда на МНТ каде своите нови песни ги промовираа познати имиња од фолк сцената.
Фестивалот е познат по тоа што е од ревијален карактер, а не натпреварувачки, па затоа и пејачите с еослободени од стегата за некаков си пласман или парична награда. Александар Димитров, првиот човек на манифестацијата вети и исполни – свеченост на раскош, убавина, нова фолк музика. На сцената на МНТ настапија Никола Грујоски, Зуица Лазова, нејзиниот Наум Петрески, неговата Анастасија Петреска, Благица Павловска, Јасмина Гуњова, група Академци, а особено внимание привлече Сани со нејзиното деколте и црна комбинација од тантела.
Водителка на натанот беше Ирена Спировска, облечена во бисерно бела комбинација со пердуви и светкави детали.
Димитров за неговиот фестивал ќе каже :
– Од Фолк Фест Роса с еизродија голем број на хитови, кои се веќе обнародени меѓу љубителите на народниот мелос без кој не може да помине ниедна веселба. Благодарение на нашата упорност и посветеност, радиото Роса и продуктот Фолк фест опстанаа толку долго време
Дани | ТВ Пакет