Секоја сабота во 20 часот, една нова приказна за мистериозно гратче
Британската психолошка трилер серја “Фортитуд” од вечерва па секоја наредна сабота во 20 часот ќе се емитува на Телма телевизија. Каналот Скај Атлантик одобри 12 епизоди, по што следеше одобрение за уште една втора сезона, која моментално се емитува во Британија. Најавната песна “Peeling Off the Layers” ја изведуваат Wildbirds & Peacedrums, Врвна глумачка постава, ансамбл на интересни ликови, преубави кадри од природата и многу внимателно темпирана режија е она што ја карактеризира “Фортитуд”.
Фортитјуд е мало гратче кое брои 713 жители (Данци, Швеѓани, Лапонци, Ирци), но затоа пак бројот на поларни мечки кои живеат таму е три пати поголем од бројот на луѓе. Неговата природа е истовремено восхитувачка, но и застрашувачка. Тоа е место во кое човек може само да побегне и да се скрие од секојдневието, место каде не смееш без пушка да излезеш надвор затоа што поларните мечки демнеат. Таму нема невработени, секој со секого се знае, за злосторства не ни чуле ниту виделе.
Но постојат и одредени правила кои мора да се почитуваат. На пример, заради екстремно ниските температури, не смее некој да умре таму, туку на копно, затоа што лешевите на таа клима не се распаѓаат.
Но мирниот живот на поларното гратче еден ден ќе биде пореметен. Убиството на британски научник ќе ја размрда работата на полицискиот офицер и ќе ги стави под тест сите потенцијални убијци и следни жртви.
Истрагата на полицискиот офицер ќе извади на виделина многу брачни неверства, политички завери и чудни откритија. Во оваа интригантна мистерија, секој детал е важен за гледачот, и во секоја следна епизода, ќе се прашувате – што навистина се случува овде и дали сме на чекор до вистината, или се уште сме на самиот старт.
Улоги : Christopher Eccleston, Stanley Tucci, Sienna Guillory, Michael Gambon, Sofie Gråbøl, Richard Dormer
Дани | ТВ Пакет